Актерот Метју Меконахи издаде соопштение како одговор на веста за масовното пукање во основното училиште во Увалде.
Во масакрот загинаа најмалку 19 ученици и двајца возрасни, додека неколку други беа пренесени во локалните болници поради повредите здобиени за време на инцидентот.
Актерот сподели изјава на своите социјални мрежи и им даде поддршка на сите погодени од оваа трагедија.
„Како што сите знаете, денеска имаше уште едно масовно пукање, овој пат во мојот роден град Увалде, Тексас“, започна Меконахи, додавајќи:
-Уште еднаш, трагично докажавме дека не сме одговорни за правата што ни ги даваат нашите слободи. Вистинскиот повик за акција сега е секој Американец да се погледне во огледало и да се запраша: „Што навистина цениме? Како да го решиме проблемот? Дали можеме индивидуално да издржиме денес, за утре да зачуваме поздрава и побезбедна нација, држава и животна средина? Не можеме уште еднаш да издишиме, да се оправдаме и да ги прифатиме овие трагични работи како статус кво“.
Иако изјавата на Меконахи не се приклучи експлицитно на новиот бран повици за построги закони за контрола на оружјето во Соединетите држави, актерот масовните пукања ги нарече „епидемија што можеме да ја контролираме“, пишува Variety.
„Сите знаеме дека може и подобро. Мора да се преземат некои активности за ниту еден родител да не го доживее она што го преживеале родителите во Увалде и другите пред нив“, заклучил актерот.