Метју Меконахи: Три работи што моите деца не смеат да ги кажуваат

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Познатиот актер Метју Меконахи и неговата сопруга Камила Алвеш имаат три деца, седумгодишниот Ливингстон, 12-годишниот Леви и 10-годишната Вида. За време на неодамнешната посета на Опра Винфри, тој искрено зборуваше за неговиот семеен живот и за тоа што е забрането за неговите деца.

„Не дозволуваме „лежење“ по куќата. Не можете да кажете „не можам“ и не можете да го користите зборот „омраза“, откри Меконахи.

Тој додаде дека овие три работи ќе ве доведат во големи проблеми во нашата куќа.

„Се надевам дека моите деца ќе станат независни, совесни, компетентни млади луѓе“, додаде тој.

Меконахи вели дека неговите деца се свесни за нивните привилегии, како и за славата на нивните родители, но тој е упорен да ги учи дека таквите работи не се важни.

Тој сака тие да научат да гледаат подалеку од тоа.

„Успешни сме. Имаме убава куќа. Луѓето нè забележуваат на улица. Нашите деца го разбираат тоа“, рече Метју.

Додаде уште една важна работа.

„Но, ние не сакаме нашите деца да мислат, или да си дозволат, дека нивната вредност е во износот на пари што ги имаме на нашата банкарска сметка или во тоа што сме славни“.

Освен тоа, тој не сака неговите деца да се срамат од она што им е овозможено.

„Им порачуваме дека не треба да се извинуваат за тоа. Ако некој им каже дека мора да живеат во убава куќа затоа што нивниот татко е познат, не мора да ја наведнат главата. Треба да погледнат и да кажат – да, живееме во прекрасна куќа. Татко ми многу се труди да биде што е можно подобар во својата работа“, објасни тој.

Слични содржини