Актерот Метју Пери, познат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, бил фотографиран на улиците на Лос Анџелес во непрепознатливо издание.
Метју Пери толку многу се промени од улогата на Чендлер Бинг во хит серијата што повеќето минувачи, како и неговите обожаватели, на почетокот не го ни препознаа додека се возел низ улиците со својот автомобил.
Имено, многу фанови на популарната серија коментираа дека актерот изгледа „запуштено“ и дека ова е неговото најлошо издание.
Носеше црна маица и сина тренерка, а многумина забележаа дека има вишок килограми.
Matthew Perry looks relaxed as he goes for a drive around LA in his $145K Aston Martin sports… https://t.co/WUVb0TrlDA pic.twitter.com/tIKNX9vvF2
— The Latest Celebrity News 24/7 (@smackgirls) June 2, 2022
Инаку, актерот минатата година ја раскина веридбата со Моли Хорвиц, а ова му е едно од ретките појавувања во јавноста. Моментално работи на книгата „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ во која наводно ќе ги открие сите интересни факти од неговиот приватен и деловен живот.