Методот на Маск за подобра меморија

од Stefanija Kuzmanovska

Најбогатиот човек на светот, Елон Маск користи трик кој му помага да запомни апсолутно сè. Тој откри дека во тоа му помогнал начин на размислување заснован на принципот дека она што треба да се запамети е поврзано со нешто апсурдно, невозможно или необично.

Зборувајќи за тоа во подкаст, Маск истакна дека ако сакаме да се потсетиме на некоја ситуација, најдобро би било да ја поврземе со нешто тотално апсурдно, без никаква поврзаност со она што се случува. Така, на пример, ако сакаме да запомниме разговор, за да го измамиме мозокот да не заборави што се дискутирало, треба да замислиме, на пример, слон како танцува околу учесниците во разговорот во балетско здолниште, бидејќи стимулира имагинација и креативност.

Бидејќи нашиот мозок се обидува да заборави што е можно повеќе работи, бидејќи не сака да се оптоварува со непотребни детали и мисли дека повеќето од работите што ги гледаме или слушаме не се навистина вредни за паметење, треба да му дадеме причина зошто не треба да заборави нешто.

Истото може да се примени и при читање книга, вели Маск, бидејќи кога на нешто ќе му дадеме интересно значење, без разлика дали тоа има некаква врска со материјата, мозокот ќе го запомни, бидејќи е различно или апсурдно.

Слични содржини