Од денес патниците во метрото во Пекинг можат да плаќаат за возење со дигиталната валута на Централната банка на Кина – дигиталниот јуан, објави Комисијата за транспорт во Пекинг.
Тоа е најновата мерка преземена од Кина за забрзување на употребата на дигиталниот јуан, пренесува Кинеското меѓународно радио.
Плаќањето во дигитална валута е достапно на сите 24 метро-линии и четири приградски железнички линии во Пекинг, но во моментов само патниците кои имаат банкарска сметка на Кинеската индустриска и трговска банка (ICBC) можат да користат дигитална валута.
Железниците во Пекинг планираат да ја зголемат употребата на дигиталниот јуан за да го подобрат искуството за дигитално патување за патниците.
Централната банка на Кина лани започна пробна употреба на дигитална валута во десетина региони во Кина, додека Бахамите станаа првата земја што издаде дигитална валута минатата година.
Photo by JI ZHOU / CC BY-NC-ND