Мециновиќ: На протестот на Левица нема руски знамиња, туку советски

од Nikola Popovski
244 прегледи

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ истакна дека партијата нема анти-европска определба.

-Левица учествуваше на состанокот за подготвка на следниот европски форум на леви прогресивни и зелени сили. Околу евроатлантската определба, сакам да кажам повеќето левичарски партии во Европа се анти-НАТО. Тоа е идеолошка определба, а не нешто што е волја на лидерите на една партија. Тоа со руското влијание е лов на вештерки, затоа што овде Русија ја немаме во ниту еден контекст. Имаме бугарски ултиматум, кој се состои во францускиот предлог, рече Мециновиќ во емисијата „Само вистина“.

Членот на Левица додаде дека во Македонија нема проруско влијание, туку пробугарско.

-На протестот на Левица немаше руски знамиња, туку советското знаме на СССР, информира Мециновиќ.

Слични содржини