МФ: Еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг

од desk3
131 прегледи

 
Министерството за финансии попладнево преку соопштение реагираше на денешните обвинувања од СДСМ дека со издавањето на еврообврзницата ќе се надмине износот од пет милијарди евра или 54 проценти од БДП.

zgrada_finansii

Во реакцијата се посочува дека еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг во кој се наведува дека државни хартии од вредност во име на државата издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Влада.

– Еврообврзницата се издава во согласност со Законот за јавен долг, член 18 став 5 кој гласи: „Државни хартии од вредност во име на РМ на меѓународен пазар ги издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Влада на РМ со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку Државната комисија за хартии од вредност, се наведува во реакцијата од Министерството за финансии. /МИА