Javna administracija, ministerstvo za finansii i ministerstvo za obrazovanie i nauka

Министерството за финансии денеска објави јавен повик до општините за да аплицираат за средствата од вториот проект за подобрување на општински услуги (МСИП2). Средствата кои се во износ од 25 милиони евра, се обезбедени преку Светска банка и се наменети за капитални проекти во општините со кои ќе се подобрат условите за живеење.

Условите под кои општините ќе можат да аплицираат за средства од проектот се со рок на отплата до 13 години со вклучен грејс-период до три години и каматна стапка која е еднаква на каматата што ја плаќа Македонија кон Светска банка.

Средствата од проектот ќе се алоцираат по принцип „прва пријавена – прва услужена општина“, врз основа на одобрена техничка документација во согласност со критериумите од проектот.

Краен рок за доставување на апликациите од општините е два месеци од денот на објавување на повикот, односно најдоцна до 7  ноември 2016 година.

Во рамки на средствата што ги има одобрено Светска банка за проектот МСИП2, освен за заеми за капитални проекти, предвидени се и средства за грантови за општините за инвестирање во подобрување на инфраструктурата во посиромашните и маргинализирани делови во нивна надлежност, како и средства за техничка поддршка на општините./Мета