МИ-5 покривале случаи на педофилија меѓу британската политичка елита

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Британската разузнавачка служба МИ-5 прикривала  случаи на високи државни функционери обвинети за педофилија, за да не се дискредитира владата на Маргарет Тачер (1979 – 1990).  Информацијата беше откриена со  декласифицирани документи неодамна во Секретаријатот на Владата.

dete

Еден од документи датира од 1986 година Во него тогашниот директор на МИ-5 Ентони Даф пишува во писмо до секретарот на владата Роберт Армстронг дека пратеник од парламентот е осомничен во интимна врска со малолетници. Според зборовите на Даф “во моментов постои ризик од политичка дискредитација на владата”.

Службенаото досие беше објавено благодарение на шефот на Националното здружение за борба против грозоморниот  однос кон децата , Ричард Вит. Во 2014 година тој го објави сеопфатениот извештај во кој се пријавени  стотиците документирани случаи на ваков  однос пред 80-тите години, кои биле “изгубени” од Министерството за внатрешни работи.

Друг скандал со педофилија ги  разбранува духовите во Велика Британија во 2012 година Една од најпознатите лица на ББС – Џими Савин, беше фатен во сексуални напади на над 500 малолетници. По серијата  на откритија стана јасно дека луѓе од највисокото раководство на британската телевизија, знаеле за злосторствата, но го прикривала.