„Ми дадоа нови верзии на сценариото“: Амбер Херд отстранета од новиот трејлер на Аквамен

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Актерката Амбер Херд е отстранета од новиот трејлер на филмот „Aquaman and the Lost Kingdom“

Одлуката дојде по нејзиното судење со поранешниот сопруг Џони Деп, поради што Амбер се соочи со бројни негативни критики.

Амбер се појави во првиот трејлер кој беше објавен во септември, но отсуствува од најновиот трејлер кој пристигнува на 20 декември. Инаку, Херд во филмот го игра ликот на Мера, ќерката на кралот Нериус. Таа може да ја контролира водата со умот и да комуницира телепатски, а исто така ќе стане сопруга на Аквамен.

„Го добив сценариото и после тоа ми дадоа нови верзии на сценариото во кои беа отсечени акционите сцени во кои бевме инволвирани јас и уште еден лик. Отстранија еден куп работи“, рекла Амбер пред судот.

Режисерот на филмот Џејмс Ван изјави за Entertainment Weekly дека идејата на филмот секогаш била да се фокусира на Аквамен (Џејсон Момоа) и Орм (Патрик Вилсон).

„Отсекогаш им го кажував тоа на сите од самиот почеток. Првиот Аквамен беше патувањето на Артур и Мера. Вториот филм секогаш требаше да биде Артур и Орм. Значи првиот беше романтичен акционо-авантуристички филм, вториот е братска акција – авантуристички филм. Ќе останеме на тоа“, рече тој.

Да потсетиме, Амбер неодамна го обвини Момоа дека доаѓал пијан на сетот и го имитирал нејзиниот поранешен сопруг, Џони Деп.

Слични содржини