Ми го крева рејтингот – има причина зошто се плаши, му порача Арсовска на Мицкоски

од Nikola Popovski
616 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вели дека ѝ е многу мило што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „се занимава со неа во изминатите две години“. Како што вели, „тој саќајки да го подигне својот рејтинг, очигледно доста работа на тоа да го подигне и мојот“.

Таа беше запрашана дали планира политички да се активира во некоја партија на централно ниво.

-Неговите напади и закани беа очигледни. Никој не излезе во одбрана во делот на заштита на правата на жената и насилството кое што се одвива. Во овој момент сум посветена на она што треба да го реализирам во Градот Скопје. Штом имам било какви други одлуки, ќе ве известам. Лично сметам дека штом се плаши, сигурно има зошто, му одговори Арсовска на Мицкоски.

Мицкоски вчера не сакаше да го коментира јавувањето на екс-премиерот Никола Груевски во емисија во живо, во кое гостуваше и градоначалничката Данела Арсовска, ниту сакаше да каже поконкретно околу фамозното УСБ кое го покажа потпретседателот на неговата партија, Александар Николоски.

-Се што имав да кажам на таа тема – кажав. Немам што повеќе да додадам по тоа прашање. На сите им посакувам среќа, здравје и успех во тоа што го работат, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини