„Ми го уништи грбот“: Поради жешките сцени со Ди Каприо, Маргот Роби завршила со исеченици

од Stefanija Kuzmanovska
598 прегледи

Маргот Роби остана запаметена по улогата во филмот „Волкот од Волстрит“, каде партнер ѝ беше Леонардо ди Каприо.

Во споменатиот филм имаше неколку експлицитни сцени со Ди Каприо, а била толку нервозна што морала да испие неколку чашки текила.

Меѓу попознатите сцени е и онаа кога тие имаат секс на куп банкноти.

„Тоа ми го уништи грбот. Од сите тие пари добив милион исеченици на грбот! Не е толку гламурозно како што звучи. Ако некој некогаш планира да има секс на куп пари: Не го правете тоа!“, рекла актерката и додала:

„Кога станав од креветот, се свртев да си ја земам наметката и сите останаа без здив. Грбот ми беше покриен со илјада црвени гребнатини“, изјавила Маргот за „Дејли Мејл“.

Слични содржини