„Ми недостигаш секој ден“: Џулија Робертс се присети на својата мајка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Мајката на холивудската ѕвезда Џулија Робертс починала пред осум години по битка со рак на белите дробови.

Џулија Робертс објави емотивна порака посветена на нејзината покојна мајка Бети.

„Роденденот на мајка ми. Ми недостигаш секој ден“, напиша актерката покрај фотографијата на која носи нараквица со монистри на која е испишано името Бети.

Нејзината мајка долги години водеше актерска школа во Џорџија, а таа почина на 80-годишна возраст.

По нејзината смрт, Џулија отворено зборуваше за растењето и за односот со нејзината мајка.

„Мајка ми имаше постојана работа и во основа не одгледаше нас три девојчиња сама. Мојот брат Ерик е постар, па тогаш веќе беше заминат од дома. Никогаш не покажала нервоза или напнатост“, се присети своевремено актерката.

Слични содржини