Неколку дена пред хип-хоп-магнатот д-р Дре (чие вистинско име е Андре Јанг) да заврши во болница под сомнение за мозочна аневризма, неговата сопруга Никол Јанг поднесе тужба обвинувајќи го за долгогодишно емоционално и физичко малтретирање.
Таа наведува дека овој 55-годишен музички милионер и ставил пиштол на главата, ја удирал и ја „трескал“ од ѕид, пишува „Дејли меил“, повикувајќи се на судски документи до кои имал пристап.
Никол, која се бори на суд за својот дел од огромното богатство на раперот, ги покрена овие шокантни обвинувања како одговор на неговата изјава минатата недела „дека не ја малтретирал во ниту еден момент во текот на 24-те години брак“.
Таа коментираше дека тоа се „очигледни лаги“.
„Тој неуморно ме малтретираше и контролираше повеќе од половина од мојот живот и навредливо е што се обидува да докаже дека тоа не е вистина“, рече таа.
На крајот, Никол го обвини нејзиниот сега веќе поранешен сопруг за „нескротливо однесување во бракот“, и именуваше три од неговите наводни љубовници, барајќи од нив да бидат сведоци, и побара да се провери дали тој има и вонбрачно дете.