Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе се врати

од Milan1
34 прегледи

Кога ќе се врати Груби не знам, колку што успеав да го слушнам Меџити, тој кажа дека Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе се врати изјави премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување во дневникот на „АлсатМ“, запрашан за тоа кога Груби ќе се врати во Македонија. Во однос на најавите од пред неколку месеци за обид за дестабилизација во земјава од страна на ДУИ и зошто сега нема такви изјави, порача дека обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат. Мицкоски потенцираше и дека не размислува за коалиција со ДУИ.

„Кога ќе се врати Груби не знам, колку што успеав да го слушнам Меџити, тој кажа дека Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе се врати. Јас би сакал да се врати уште денеска, затоа што единствениот начин да одговори на сите прашања е да биде тука присутен и да даде одговор“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски во однос на најавите од пред неколку месеци за обид за дестабилизација во земјава од страна на ДУИ и зошто сега нема такви изјави, порача дека обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат, земјава е стабилна како никогаш досега.

„Обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат во тоа и дека ќе бидеме нестабилна држава. Како што гледате девет месеци не само што сме стабилна држава, туку и на меѓународен план постигнуваме такви пријателства и такви сојузништва што се незапаметени во независна Македонија“, нагласи премиерот Мицкоски.

За можна соработка со ДУИ, премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен од соработката со коалицијата ВРЕДИ и односите во владината коалиција се кохезивни, цврсти, а цел на коалицијата е подобро утре за граѓаните и државата.

„Така работиме и ќе продолжиме да работиме“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Слични содржини