Мицкоски: Ако ЕУ вели дека треба да се укине балансерот, тогаш нема друга опција

од Илинка Илиоска
4,8K прегледи

Европската унија препорачува укинување на балансерот, алатка која определува вработување државни службеници по етничка припадност, изјави мандатарот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање. Тој потсети дека оваа препорака е дел од скрининг процесот кој веќе се спроведува.

– Ако ЕУ вели дека треба да се укине, тогаш нема друга опција освен да ги следиме препораките од Унијата. Ова е резултат од скрининг процесот. Земјава треба да напредува според компетенции, а не според пол, етничка или верска припадност – рече Мицкоски вчера на одбележувањето на почетокот на работата на вториот производствен погон на фабриката Киел Македонија во ТИРЗ Тетово.

 

Слични содржини