Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија, бидејќи она што требало да го содржи писмото, кажано е пред лидерите од Европската Унија и претседателката Урсула Фон дер Лајен.
Мицкоски изјави дека за да почне процесот на уставните измени, неопходно е парламентот во Бугарија да го ратификува Пристапниот договор на нашата држава за влез во Европската унија.
„Мислам дека е тоа фер решение за сите имајќи ја предвид состојбата во којашто не доведе Владата во која клучниот збор го имаше Бујар Османи и позади себе ги водеше Маричиќ и Ковачевски. Сега дознавам што се правело во тој период и навистина е шокантно, затоа жестоко се бориме“, рече Мицкоски.
Додде дека додека е премиер, ултиматуми и диктати нема да прифати.
Во врска со затворениците кои ги помилува Претседателката Слилјановска, Мицкоски рече дека тоа е кукавичко јајце од претходната влада, а за Акиф Равмановски, водачот на кланот Барон, премиерот кажа дека тој веќе не е на слобода.
-Тој случај е кукавичко јајце снесено од претходната влада кој требало да имплодира во овој период. Знам лицето дека е повторно приоведено и дознав дека има уште неколку дела кои се поврзани со ова лице. Нема да одам чекор понатаму да коментирам и да прејудицирам судски одлуки, јас сум човек легалист, верувам во презумпција на невиност.. Веќе доби истото лице 30-дневен притвор, па оставам на правосудните органи да одлучат како да постапуваат за други случаи кадешто постои основано сомениние за сторен криминал ијзави Мицкоски.