Убеден сум дека обединети сите заедно, сплотени, сите предизвици ќе ги надминеме, порачува премиерот Христијан Мицкоски во својата честитка до православните верници по повод третиот најголем православен празник – Успение на Пресвета Богородица.
„Ја користам оваа прилика да на сите православни христијани им го честитам големиот верски празник, Голема Богородица, а на сите граѓани во Македонија да им посакам пред сè здравје, среќа, љубов за нив и за нивните семејства бидејќи тоа е она коешто на сите нам ни е потребно.
Ова се денови кога празнуваме, кога се среќаваме, се обединуваме, кога ќе зборуваме за верата, за духовната сила, за сето она коешто претставува предизвик во нашето секојдневие.
И убеден сум дека обединети сите заедно, сплотени, сите тие предизвици ќе ги надминеме“, вели Мицкоски.
Ја користам оваа прилика на оние јунаци, тоа се рударите да им го честитам денот на рударите, да им посакам уште многу убави работни денови, многу успеси бидејќи благодарение на нивната пожртвувана работа, макотрпна работа, секојдневна енергија којашто секојдневно ја вложуваат овде во РЕК „Битола“.
Ние имаме енергетска стабилност, а енергетската стабилност подразбира и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство.
Би сакал уште еднаш да повторам и да им го честитам денот на рударите со рударскиот поздрав „Среќно“ затоа што тие се нашата инспирација и знам и убеден сум од тоа што успеав да го видам дека мотивот не изостанува, желбата е тука присутна и сигурен сум за уште подобри резултати во месеците и годините коишто следат за македонскиот енергетски систем, за рударството, но и за македонската економија.
Уште еднаш на крај дозволете ми да го честитам овој голем православен празник
Голема Богородица и нека е за аирлија денот.“, порача премиерот Мицкоски.