Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање одговори дека членови на партија биле повикувани во полициска станица во пресрет на 4-ти февруари – чествувањето на роденденот на Гоце Делчев.
-Имам информации за такви информативни разговори. Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на провокациите кои се присутни. Имаат само една цел и одат во полза на една структура – Владата и нашиот источен сосед. Ниту една провокација на која ќе потпадне било кој граѓанин не оди во полза на македонскиот народ и држава. Ние сме мирен, достоинствен, библиски народ, народ кој што знае да тагува, радува и да даде чест на великанот Гоце Делчев. На тој ден сите достоинствено да се поклониме во црквата Св. Спас, рече Мицкоски при посетата на општина Карбинци.
Претседателот на најголемата опозициска партија не даде повеќе детали околу повикувањето на членови на ВМРО-ДПМНЕ на информативни разговори.
-Засега не би сакал повеќе. Не треба да создаваме паники. Навикнати сме на тоа, се додека оваа Влада не замине, додаде Мицкоски.