Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес ќе има состанок со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, соопшти Владата.
„На ден 19.08.2024 година (понеделник) во 15:30 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ќе одржат средба со Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, во просториите на Владата“, стои во соопштението.
Средбата е закажана откако Арсовска го повика Мицкоски да ги дефинира датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот, истакнувајќи дека раководството на Град Скопје е подготвено за дијалог со премиерот.
Минатата недела, по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во Општина Кисела Вода се одржа координативен состанок со скопските градоначалници, каде едногласно се одлучи да се предложи до Владата и Министерството за животна средина да се одземат ингеренциите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.