Мицкоски: Фокусиран сум на мерката да не бидат зголемени платите на функционерите

од Milan1
120 прегледи

„Фокусиран сум на мерката да не бидат зголемени платите на функционерите, а да бидат зголемени платите на вработените во администрацијата и други сектори“ истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став за зголемување на минималната плата.

Посочи дека за мерката да не растат платите на функционерите ќе разговараат внатре во Владата, а еден од начините е намалување на коефициентите.

– Ние со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, за да дојдеме до процент еднаков на нула, изјави Мицкоски.

Посочи дека во Буџетот за 2025 година ќе биде на седница на Влада во вторник, а според него, оваа Влада се темели на стимулирање на инвестициите што ќе ја зголемат продуктивноста.

Што се однесува до мерката есенска потрошувачка кошничка и до реакциите дека намалувањето на цените на прехранбените производи е минимално, Мицкоски рече дека е подобро да има намалување, отколку зголемување.

– Математички ако гледаме е повеќе од нула, а е подобро да е намалено, отколку да е зголемено, како што беше случајот до пред неколку месеци. Замислете што се случува во овие четири месеци од оваа Влада. Платите повторно растат со истата динамика, како што растеа и претходно со таа разлика што сега Народната банка двапати ја намалува референтната каматна стапка, а инфлацијата се движи на ниво меѓу 2 и 2,5 проценти, нешто што беше мисловна именка за претходната Влада, бидејќи бевме рекордери во инфлација во Европа, имавме инфлација над 20 проценти, рече Мицкоски.

Слични содржини