Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски го поднесе до Собранието предлог-законот за реорганизација на определен број министерства. Тој истакна дека е предвидено Министерство за економија и труд, кое според него, ќе биде Министерство кои ги опфаќа дел од ингеренциите од старото министерство, на кој додаден и сегментот труд, за да можат работодавачите и работниците да бидат во едно место.
Според него, Министерството за социјална политика и труд ќе биде Министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт нема повеќе да постои и ќе има посебно Министерство за спорт.
Досегашните надлежности на Министерството за економија во делот на рударството и енергетиката, ќе бидат дел од новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Исто така, делот од ингеренциите кои ги имаше Министерството за економија, во делот на туризмот, ќе бидат присоединети во новото Министерство за култура и туризам.
-Ново министерство ќе биде и Министерството за администрација, најави Мицкоски на прес-конференција во Собранието.
За усвојување на новиот закон потребни се 2/3 мнозинство од пратениците.