Мицкоски и претседателката на Судскиот совет денеска ќе се сретнат во Владата

од Илинка Илиоска
10 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска заедно со министерот за правда Игор Филков ќе оствари средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

Како што информираат од Владата, средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата за предлози за реформи во Судскиот совет.

Мицкоски некоклу пати ја истакуваше заложбата за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, велејќи дека оваа идеја е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ со која партијата настапи на изборите. Според него, ова е обврска бидејќи голем дел од граѓаните ја поддржале.

Минатата недела, во одговор на новинарско прашање, тој изјави дека не се откажал од оваа идеја и дека нема намера да се повлече сѐ додека довербата во правосудниот систем останува на ниско ниво.

Слични содржини