Мицкоски: Измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа e со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните

од Milan1
2,3K прегледи

Пред изборите кои поминаа ветивме функционална и ефикасна влада која ќе спроведе реформи и ќе донесе подобар живот. Суштината на овој предлог е реформи во администрацијата, а со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики со одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, повисоки пензии, подобро образование, ефикасна социјална заштита, развиена економија и земјоделие, изјави пратеникот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој даде образложение на измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа кој во Собрание по скратена постапка.

Мицкоски на побара поддршката од сите пратеници.

„Ова го правам во име на огромната поддршка која ја добивме на изборите и во име на реформите кои мора да ги направиме. Се обврзавме да преземе активности со цел преиспитување и рационализација на поставеноста на органите на државната управа со можност за спојување или укинување на одредени државни органи“, кажа Мицкоски.

Мицкоски објасни кои се клучните поенти или што содржи овој закон.

„Министерството за труд и социјална политика продолжува да работи како Министерство за социјална политика, демографија и млади. Или Агенцијата за млади и спорт се укинува, а работите од нејзината надлежност преминуваат во Министерството за спорт и во Министерството за социјална политика, демографија и млади“, рече Мицкоски.

 

Слични содржини