Мицкоски: Јас не сум од оние политичари кој ќе рече ќе стави бројчаник, а после од него да нема ни Б

од Nikola Popovski
77 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски синоќа говорејќи за ветената одговорност, истакнал дека додека е премиер нема да има недопирливи.

„Пред граѓаните мора да сме отчетни и поднесеме отчет што сме правеле. Секој што се огрешил пред закон ќе одговара. Јас не сум од оние политичари кој ќе рече ќе стави бројчаник, а после од него да нема ни Б. Нема да најавувам спектакли, да ангажирам полициски специјални единици да растревожувам семејства, естрада од оваа Влада нема да има”, изјавил Мицкоски.

Тој исто така порачал досега има покачено пензии, исплата на заостанати плати, како и нови инвестиции, воедно говорејќи за одговорноста потенцираше дека додека е премиер нема да има недопирливи.

„На 24 јуни сметката беше минус 12 милијарди денари или отприлика околу минус 200 милиони евра, нешто што досега се нема случено. Ја реструктуиравме самата влада, односно ги оптимиравме секторите во кои цениме дека треба да се развиваме како држава, и мислам дека направивме добар потег за идните генерации”, рекол Мицкоски во гостувањето на поткастот „Претрес со Ландов“.

Слични содржини