33
Остануваме цврсто посветена како Влада на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права, кажа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.
Премиерот очекува од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката. Верува во принципот на фер и заслуги и верува дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани.