103
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека земјава ќе се задолжи за нови пола милијарда евра. Се работи за заем од европска земја, на која не сакаше да и го открие името.
Од средствата, вели, повторно бенефит ќе имале општините.
-Набргу од денеска ќе ги финализираме преговорите за од прилика половина милијарда евра. Засега ќе го задржам името на државата, но станува збор за европска земја. Пари што ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта, што повторно ќе значи бенефит за општините, вели тој.
Минатата година државата зема заем од 1 милијарда евра од унгарската влада со камата од 3, 25 отсто. Со 500 милиони евра се врати еврообврзница, земена уште во 2017 година.