Мицкоски на средба со Прескер: Кај власта нема воопшто интерес за прецизирање на термин за претстојните избори

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во државава Грегор Прескер.

-Претседателот Мицкоски го информираше амбасадорот Прескер за ситуацијата во државава. Притоа во текот на разговорот акцент беше ставен на корупцијата и криминалот, како и на претстојните парламентарни и претседателски избори. Мицкоски го информираше амбасадорот Прескер за сознанијата дека постојано се појавува нов коруптивен скандал во кој вклучени се лица од власта, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски укажал на лошата економска ситуација во која е државата, како и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните. Тој посочил дека лошата економска состојба за која говори и последниот извештај на Светската банка е последица на лошите политики на Владата.

-На средбата претседателот Мицкоски укажа на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик информирајќи дека кај власта нема воопшто интерес за прецизирање на термин за претстојните парламентарни и претседателски избори, се наведува во партиското соопштение.

Слични содржини