Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека остварил кратка средба и разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон.
На средбата, Мицкоски ја потенцирал недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочил дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство.
-Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици.
Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање, стои во објавата на македонскиот премиер.
Претходно Мицкоски имал средби и со неговиот колега од Хрватска Андреј Пленковиќ, со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и со членот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ при што било потенцирано дека земјите од регионот имаат потреба од економска, енергетска и инфраструктурна поврзаност за што клучно е градењето на силна регионална соработка.
Порано денеска, македонскиот премиер се сретна и со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што било договорено наскоро за да се одржи заедничка средба, на која ќе се разговара за најважните прашања од областа на соработката меѓу двете земји.