Мицкоски најави финансиски пакет во соработка „влада со влада“ во вредност од 1 милијарда евра

од Milan1
1,2K прегледи

Можам да кажам дека во првите 100 дена имаме многу амбициозна агенда за која што веќе се подготвувавме, но не сакавме да ја експлоатираме во кампањата. Денеска веќе кога се е завршено можам да кажам дека веќе е завршена една озбилна странска инвестиција која што е отпочната во делот на енергетиката, без посебни закони, без загарантирана цена на откуп, без повластици, која би се движела од меѓу 400 и 500 милиони евра и која што ќе произведува некаде од прилика околу 1 терават часови електрична енергија годишно, која што ќе се случи во Македонија. И тоа ќе биде објавено во првите 100 дена, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.

Мицкоски потенцираше дека ќе донесат и други две странски инвестиции, за кои што рече услов е да си замине сегашниот директор на ТИРЗ и претседател во најава на СДСМ, Јован Деспотовски, бидејќи како што рече имаат навистина лошо искуство од него да дојдат да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни како инвестиции.

Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка влада со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период со исклучително атрактивна каматна стапка. Со две други странски инвестиции кои што би биле во зоните, но услов е овој директор кој што е таму и претседател на СДСМ во најава да замине, бидејќи се навистина со лошо искуство од него да дојдат да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни и ценам дека еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж, рече тој.

Слични содржини