Мицкоски најави засилени контроли за спречување на манипулации со цените

од desk4
39 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски најави засилени контроли на пазарот за спречување на манипулации со цените. Тој истакна дека ќе се следат не само трговците, туку и дистрибутерите и производителите, особено во поглед на влезните фактури. Според Мицкоски, мерката за замрзнување на маржите, која се спроведуваше последните два месеци, доведе до намалување на цените и смирување на инфлацијата, која сега изнесува -1,3% на месечно ниво.