Мицкоски: Недостигаат 2,5 милијарди денари за пензии – „тајфун“ поминал низ државата

од Nikola Popovski
84 прегледи

Буџетот во состојбата каква што е сега, прашање е и како и тоа што е редовно, како ќе се исплаќа. „Тајфун“ изминал последниве 7 години во државата – не само што ја ограбил, туку и жестоко ја уништил, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во Владата при преставувањето на новата германско-белгиска инвестиција во државата.

Вели дека се обидуваат да бидат креативни и граѓаните тоа да не го почувствуваат.

-Се надевам дека во првите 100 денови ќе седнам заедно со министрите и синдикатите и да поразговараме и да им ги покажеме бројките. Бројките се катастрофални.

Ако ви кажам дека недостигнаат 2,5 милијарди денари за редовна исплата на пензиите, настрана на ова што претставува дополнително зголемување…Ние ќе се бориме до последно и се што е во интерес на граѓаните, да биде наш интерес и да го реализираме, кажа Мицкоски, одговарајќи на прашања поврзани со економијата.

Слични содржини