Мицкоски: Ние како држава, Балканот, за жал не сме во фокусот на оваа администрација на Брисел

од Илинка Илиоска
126 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата е подготвена позитивно да одговори за да се најде конструктивно решение за напредокот на патот кон ЕУ. Тој нагласи дека државата продолжува да ги промовира европските вредности и да ги исполнува своите домашни задачи.

„Ако од Брисел се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот, секогаш сме тука позитивно да одговориме на таквото барање. Во спротивно, можам да заклучам дека ние како држава, Балканот, за жал не сме во фокусот на оваа администрација на Брисел“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека државата има целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ и дека „реформите ги правиме согласно мониторингот на Европа и така и ќе продолжиме“. Мицкоски рече дека, и покрај различните ултиматуми и вета од земјите членки на ЕУ, не планира да прави никакви отстапки додека е на власт. „Не е аргументот – тоа е тоа, знаете 27 се така. Тој аргумент не води таму каде што сме денеска, ја води ЕУ таму каде што не треба да ја води“, рече Мицкоски.

Во однос на претстојниот самит Европска Унија-Западен Балкан на 18 декември, Мицкоски рече дека има сериозни очекувања и дека ќе се обрати директно на состаноците со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, и новата комесарка за проширување, Марта Кос.

Слични содржини