Премиерот Христијан Мицкоски вчера го објави својот анкетен лист, каде што ја прикажа својата имотна состојба. Според податоците, тој поседува куќа во Влае купена за 26,8 милиони денари (450 илјади евра) во 2014 година, додека бил професор на Машинскиот факултет во Скопје.
Мицкоски исто така пријавил девизен влог во евра, но не го открил точниот износ. Тој има и потрошувачки кредит во висина од 400 000 денари.
Во анкетниот лист, премиерот не пријавил дека поседува моторно возило, но има два часовници, еден купен во 2015 година вреден 2 384 202 денари (околу 39 илјади евра) и друг купен во 2016 година вреден 824 052 денари (околу 13,5 илјади евра).
Покрај тоа, од 2016 година поседува уметничка слика со вредност од над 600 илјади денари (околу 10 илјади евра).