Денеска ова што го видовме во Благоевград од поединци не личи на луѓе кои што се политичари и кои доаѓаат од Европскиот парламент. Не знам ни дали да го коментирам тој европратеник и дали воопшто заслужува било каков коментар. Очекувам осуда од официјална Софија и од Брисел за неговото однесување, бидејќи ако вака се однесува еден европратеник и ако тоа остана неискритикувано, тогаш не знам навистина што да додавам, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Благоевград за копретседателот на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски.
Тој истакна дека „има безрезервна поддршка за Македонците во Бугарија и ги чека во Скопје да дојдат за да поразговараат“.
-Нашинците овде имаат многу проблеми. Јас ќе сторам се што во е моја моќ за да им помогнам, рече Мицкоски за Канал 5.
После најавата на Владата за поднесување барање и отворање на официјален македонски културен центар во Благоевград, Мицкоски додаде дека со задоволство ќе присуствува и на тој настан.