Мицкоски- Орбан: Разговаравме за евроинтеграцискиот пат на Македонија и идните чекори на Унгарија како претседавач со Европската унија

од Milan1
41 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски на маргините на Самитот во Лондон, се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

-Разговаравме за евроинтеграцискиот пат на Македонија и идните чекори на Унгарија како претседавач со Европската унија. Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката. Исто така се заблагодарив за досегашната поддршка и соработка од страна на Унгарија. Продолжуваме посветено да работиме за интересите на граѓаните, напиша Мицкоски, на својот Фејсбук профил.

Слични содржини