Мицкоски: Оставката на Дамева не е ниту почеток ниту крај на реформите во правосудството

од Nikola Popovski
69 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски смета дека оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не е ниту почеток ниту крај на почетокот на реформите и „прочистување“ во правосудните органи што ги најавуваше. Оценува дека процесот треба да биде динамичен и секој што нема да ги исполни очекувањата, треба да си замине.

Според него, оставката треба да биде правило и во иднина дека секој кој што нема да ја оправда довербата на граѓаните, треба да ги напушти функциите.

Мицкоски повторно ја изнесе во јавноста информацијата која постојано ја кажуваше дека постојат обвинители кои на средина акција и кога треба да потпишат налог за претрес или приведување, „добиваат главоболка, повисока температура, дијареја и анксиозност“.

По оставката на Дамева, Судскиот совет не избра наследник – ќе чека доекипирање.

-Оставката на Дамева од претседателската позиција во Судскиот совет е политички фолклор, смета државниот секретар во ресорот правда Ефтимов. Според него, Советот покажал дека не е независно тело и работи под политички диктат па затоа е неопходно да се реформира.

Во последните 4 години бројот на судии во земјава е намален за една четвртина, додека од Обвинителството за пет години си заминале 16 обвинители.

Слични содржини