Мицкоски оствари средба со бизнис секторот во Петровец

од Radmila Tasevska
211 прегледи

Во рамките на теренската акција „Важно е! Од тебе зависат промените“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ствари средба со бизнис заедниците во Општината Петровец.

Мицкоски најави дека следува и посетата на Општината Илинден. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, овие две општини се многу значајни за економскиот развој на државата, бидејќи претставуваат центри за инвестиции.

Целта на средбата во Петровец, како што рече, е да слушнат кои се предизвиците со кои се соочуваат претставниците на бизнис секторот.

-Целта е да слушнеме од прво лице кои се предизвиците со кои се соочуваат претставниците на бизнис секторот бидејќи на следните избори кои ќе се случат на неколку месеци од денеска сакаме да понудиме програма која ќе содржи решенија за реалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат бизнисмените, но и граѓаните. Само така на правилен начин може да се развива Македонија и ќе имаме додадена вредност во изборниот процес, но и како идна влада мислам дека овие средби се исклучително значајни, порача Мицкоски.

Во рамки на посетата во Петровец беа промовирани проектите реализирани од страна на градоначалникот на Општината, Борче Митевски.

– Ценам дека понатаму во општина Илинден ќе имаме еден успешен ден, ден во кој што ќе има многу средби со група граѓани од каде што ќе слушнеме многу предлози, многу прашања кои што ќе бидат преку решенија преточени во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини