2,5K
Новиот претседател на Владата, Христијан Мицкоски денеска при посетата на општина Штип доби чудно прашање околу неговата вратоврска и зошто баш се одлучил за портокаловата боја.
Новинарка го запраша премиерот дали оваа вратоврска крие некаква порака, бидејќи, како што рече, оваа боја потсетува на едно минато.
-Не знам на вас што ве потстува, но мене ме потсетува на свеќичките на последниот роденден на мојот син и тоа е убава меморија. Портокаловата е една од моите омилени бои и оваа вратоврска ја добив како подарок од еден мој пријател. Утрово спонтано ја облеков без никаква порака. Очекувам убави денови, одговори Мицкоски.