Мицкоски потврди: Со џентлменски договор е одлучено Изет Меџити да биде прв вицепремиер

од Илинка Илиоска
290 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер во Владата, согласно џентлменскиот договор во владината коалиција. Мицкоски објасни дека, иако според важечкиот закон Владата има само заменици на премиерот, договорот на коалицијата предвидува назначување на прв вицепремиер, функција која законски не постои.

„Според законот, Владата и премиерот имаат заменици, но џентлменскиот договор во рамките на нашата коалиција предвидува прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити. Тоа што досега се правеше незаконски, нема да биде пракса во оваа Влада“, изјави Мицкоски.

Претходно, функцијата прв вицепремиер ја извршуваше Артан Груби од ДУИ, назначен на 20 август 2020 година во Владата предводена од Зоран Заев.  Меџити, кој неодамна најави дека ќе ја преземе оваа позиција, најави дека ќе работи на нов закон за правична застапеност, кој ќе го замени постојниот Балансер поради честите злоупотреби и неговото претворање во механизам за политичко пазарање.

„Укинувањето на Балансерот е дел од препораките на Европската унија во рамките на европскиот скрининг процес“, нагласи премиерот Мицкоски.

Слични содржини