Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Кавадарци ja повтори вчерашната изјава на пратеничката на Алтернатива, Сафије Садики која истакнала дека македонската Влада во 2001 година била формирана по консултации со албанскиот премиер Еди Рама.
-Вчера во Парламентот слушнавме пратеничка од Алтернатива која јавно кажа од говорницата дека за време на ноемвриските настани во 2021 година, македонската Влада ја составувал Еди Рама и член од семејството на Адем Јашари. Не знам дали тоа медиумите го фатија и дали јавноста го гледаше. Владата на СДСМ и ДУИ ја составувал Еди Рама и член на семејството Јашари, рече Мицкоски на новинарско прашање.
Тој апелира до пратениците на СДСМ „да се одважат и да му застанат на пат на раководството на партијата“.
-Не дозволувајте Еди Рама да ја составува идната влада на Македонија. Охрабрете се, порача Мицкоски.