Мицкоски се сретна со Ричард Гренел

од Milan1
112 прегледи

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, кој е во САД на инаугуарацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во Вашингтон имаше средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација – претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на Македонија!“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Слични содржини