Мицкоски: Сите ние сме обични смртници и порано или подоцна ќе завршиме и со политиката и со овој земски живот а прашањето е што ќе оставиме

од Milan1
85 прегледи

„Јас нема да кажувам како некој од моите претходници дека ќе бидам премиер 5 мандата, 3 мандата, 2 мандата. Ќе бидам премиер онолку колку што мислам дека политиката која што ја водам има додадена вредност во животите на македонските граѓани без разлика на нивната етничка припадност, и тука не треба никој да има било каква дилема“, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница.

Мицкоски додаде дека оној момент кога ќе увиди дека нема додадена вредност политиката што ја води во животите на граѓаните ќе си замине.

„Оној момент кога ќе видам дека тука нема додадена вредност ќе си заминам“, нагласи премиерот.

„Сите ние сме обични смртници и порано или подоцна ќе завршиме и со политиката и со овој земски живот. А, прашањето е што ќе оставиме. Што ќе оставиме позади нас? И дали тие по нас кои што ќе дојдат ќе имаат на што да се горди? Или ќе се срамат? Дали тие тоа што ќе го оставиме ќе велат тие ни беа татко, вујко, мајка, тетка, итн., баба, дедо или пак ќе ја веднат главата и ќе се срамат? Тоа е суштината во животот“, појасни тој.

Мицкоски посочи додека тој е премиер и додека тој е претседател на Владата тоа е неговата инспирација.

Слични содржини