Не очекувам дека до локалните избори би имало било какви интервенции во Владата. После локалните избори не очекува и редовниот партиски Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Можеби, можеби би имало интервенции и освежувања во Владата на почетокот на следната 2026 година, многу импути ќе зависат за таква одлука. Тогаш многу работи ќе бидат појасни на политички план и какви се перформансите на Владата, изјави Мицкоски во вчерашното интервју на МРТВ.
Мицкоски истакна дека она што е сигурно е дека од 1-ви јануари 2026 ќе има една поголема и посеопфатна структурална промена во структурата на ВМРО-ДПМНЕ
– Полека но сигурно е потребно дел од генерациите да се менуваат со нови. Дел обавуваат државни, дел општински функции. Вклучително и мене, бидејќи доколку ја добијам поддршката на делегатите, според Статутот, после следниот Конгрес тоа ќе биде мојот последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе од следниот Конгрес после овој што ќе се случи на крајот на годината, ВМРО ќе има нов претседател, истакна Мицкоски.
Инаку, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година го измени партискиот Статут, така што го ограничи мандатот на претседателот, кој се предвидува да има мандат од 4 години, со право на реизбор уште 2 пати, со тоа што третиот пат тоа да биде одобрено од 2 третини од членовите на Конгресот.