68
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва остварил средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир“, стои кусо во објавата на официјалниот профил на премиерот на социјалните мрежи.
Мицкоски учествува на Самитот „Украина -Југоисточна Европа“ кој се одржува во Дубровник, Хрватска. Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а свое излагање имаше и токму Зеленски.
Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина. На Самитот се најавени претставници од 12 држави од регионот.
Во македонската делегација која ја предводи Мицкоски е и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.