Мицкоски вели дека има основа за покренување на кривична постапка за договорот меѓу “ХЕЈ“и Државна лотарија

од Илинка Илиоска
115 прегледи

Владата го раскина договорот за закуп на деловен простор меѓу компанијата „ХЕЈ“ и Државна лотарија, а премиерот Христијан Мицкоски изјави дека има основа за покренување кривична постапка поради тоа што договорот бил потпишан по цена и до три пати повисока од пазарната.

Од ВЛЕН, пак, изразија задоволство дека се борат против коцкањето, како што ветиле. Според Фатмир Сабриу, договорот меѓу „ХЕЈ“ и Државна лотарија изнесува 2,26 милиони евра за период од две години. Сабриу нагласи дека првиот сопственик на „ХЕЈ“ бил Армин Машовиќ, поранешен бизнис партнер на Ерџан Сулкоски, поврзан со семејството на лидерот на ДУИ, Куштрим Смајлај. Прв управител на компанијата била Натура Груби Бела, братучетка на тогашниот вицепремиер Артан Груби. Сопственоста подоцна ја презел Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на Пласница.

До август 2024, во рок од 13 месеци, Државна лотарија му исплатила над 300 илјади евра на „Пуцко Петрол“ за закуп на деловниот простор, додаде Сабриу.

Слични содржини