Мицкоски: Власта ги казнува жителите на општините каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Власта ги кочи сите можни извори на средства за реализација на проекти во општините, бидејќи мисли дека ако градоначалниците не реализираат проекти со тие средства, така ќе паѓа нивниот рејтинг, а со тоа ќе паѓа и рејтиногт на ВМРО-ДПМНЕ, порача денеска од Свети Никола лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прашан за општинските обврзници, Мицкоски, порача власта целта на власта е да ги кочи овие општински обврзници за да не се реализираат планираните проекти.

„Направени се улици со сопствени средства, многу работи, многу проекти се направени со сопствени средства затоа што власта врши притисок, ги крати средствата. Но, со домаќинско и чесно работење, во рамки на можностите, се реализира програмата. Повеќе од 90 проценти од капиталните проекти предвидени со буџетот, се реализираа“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на Свети Николе.

Според Мицкоски, власта мисли дека ако градоначалниците не ги реализираат проектите со тие средства, така ќе паѓа нивниот рејтинг, со тоа ќе паѓа рејтиногт на ВМРО-ДПМНЕ, а рејтиногт на Ковачевски и СДСМ ќе расте.

„Се лажат. Тие што ги советуваат, ги лажат“, смета Мицкоски.

Тој мисли дека власта ги казнува жителите на општините каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што не гласале минатата година за предлозите на СДСМ.

„Владата на ДУИ и СДСМ не сака да дозволи Македонија да се развива. На следните предвремени парламентарни избори, масовно го повикувам народот да излезе, да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, да гласа за проекти, да гласа за реформи, да гласа за нови политики што ќе донесат иднина“, додаде Мицкоски.

 

Слични содржини