Кога беше трибината на СДСМ ако не се лажам, тука беше Димитар Ковачевски, јас не знам дали намерно или од незнаење кажа дека не сме ја говореле вистината кога станува збор за кредитот од 100 милиони евра, кој што треба да се користи за ликвидност на ЕСМ поранешно ЕЛЕМ. Кога велиме дека ако се земе тој кредит, тогаш се презема и обврската да се затвори до 2023-тата година Осломеј, а 2027-мата РЕК Битола. Еве јас од тука ви тврдам дека во законот за кредит кој што е дел од собраниската процедура јасно стои дека три услови се јасни, дека до 2023-та треба да се затвори Осломеј, а, до 2027 субцесивно 2025-та, 2026-та и 2027 се затвораат сите три блока во Битола, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола.
Мицкоски додаде дека во втора половина на 2022 година треба да се интегрира македонскиот енергетски пазар со грчкиот, а во 2023-та со бугарскиот. Односно да се направи на Македонија енергетска анексија и енергетско уништување.
„Најодговорно ви тврдам подготвен сум јавно да застанам и да го бранам ова и да го спорам со секој еден дали бил од ЕБОР, Европска Банка, дали бил од Владата, од СДСМ, или пак од ЕСМ. Подготвен сум да зборувам и да ги имаме и двата документа, едниот е законот кој што е во Собрание, и другиот документ е договорот за заем што го има државата потпишано. Јас ги имам и двата. Најодговорно тврдам дека ова што јас го зборувам е вистината“, нагласи тој.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи со тоа ќе има нови 4.000 луѓе на улица. А, прашање е и што ќе се случи со сите оние компании кои што на директен или индиректен начин соработуваат со ЕЛЕМ во Битола и во Кичево.