Мицкоски за Филипче: Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите партии

од Nikola Popovski
52 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше изборот на Венко Филипче за нов лидер на СДСМ. Вели дека тоа е работа на СДСМ и не сака да се мешаат и „не сакаме да им го правиме тоа што не сакаме нас да ни го прават“.

-На господинот Филипче му посакувам успешна работа и да бидат конструктивна опозиција во интерес на државата. Јас во моето експозе до Собранието, кажав дека секогаш кога се работи за интересите на македонија, подавам рака и така ќе биде во иднина. Членството на СДСМ одлучило така. Таа одлука треба да ја почитуваме бидејќи не сакаме да се мешаме и немаме право да се мешаме во внатрешните работи на партијата, кажа Мицкоски по поставувањето на камен-темелник на нова градинка во Бутел.

 

Слични содржини