Мицкоски: Заврши првата фаза од реконструкцијата на „Ѓавато“, двојно повеќе вода ќе се влева во Дојранското Езеро

од desk2
3 прегледи

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот „Ѓавато“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на неговата страница на Фејсбук. Тој информираше дека бунарскиот дел од е комплетно завршен, пуштена е водата и дека никаде нема протекување.

На првата шахта е монтирана една репарациона спојка, на втората шахта монтирани се две репарациони спојки, на делот каде што се спојува цевката Ф273 со Ф914 – извршено е заварување со дупли лимови.

„Останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското Езеро“, напиша Мицкоски.

Тој обвини дека повеќе од четири години биле оставени пробиени цевки на двата функционални бунари, дека биле потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков.

„Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам“, вели премиерот.

Тој вели дека во втората фаза ќе се обезбедат најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското Eзеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи.

„Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, најави Мицкоски.

Слични содржини